Име на болест: Раковини по стеблото кај доматот - Didymella lycopersici
Култура: ДОМАТИ
Опис: Болеста се развива по стеблото, лисните дршки, дршките од плодовите и по плодовите. Најчесто се јавува при основата на стеблото каде се развиваат крупни кафеавосиви некротични суви рани - раковини, малку вдлабнати и покриени со ситни црни точки. Раковините се длабоки и ги зафаќаат спроводните садови, поради што растенијата венат и се сушат. Слични рани има на лисните дршки и дршките од плодовите, но се многу поситни.  Габата презимува во растителните остатоци во почвата, а се пренесува и со семето. Се развива при висока релативна влажност на воздухот и при релативно ниска температура (15 - 200C). Над температура од 300C престанува да се развива. Уништивање на растителните остатоци и болните растенија, употреба на здраво семе. Редовно третирање на растенијата со хемиски средства.



повеќе слики >>

Препарати