Име на болест: Одрвенување на плодовите од доматот - Potato stolbur phytoplasma
Култура: ДОМАТИ
Опис: Ова заболување е присутно во реони со потопла и сува клима. Најкарактеристични промени се јавуваат на врвовите од растенијата. Целите растенија се крти, а кон врвовите имаат виолетова нијанса. Листовите од горниот дел се редуцираат и силно задебелуваат и се насочени кон врвот. Растенијата даваат помалку цветови. Доколку се заметнат плодовите, тие се деформирани, ситни, тврди. Таквите плодови не се за консумација. Причинител на ова заболување е фитоплазма. Таа се одржува во едногодишните и повеќегодишните домаќини. Се пренесуваат со цикади, а во нив се наоѓа паразитот и се размножува. Спречувањето е тешко, се препорачува уништување на цикадите со соодветни инсектициди, уништување на плевелните домаќини, одгледување на порани сорти, со цел плодовите да се соберат пред да настапи масовниот лет на цикадите.



повеќе слики >>

Препарати