Име на болест: Мувлосување на листовите кај доматот - Mycovelosiella fulva
Култура: ДОМАТИ
Опис: Мувлосувањето на листовите кај доматот се развива при влажни и топли услови во слабо проветрени средини. Габата се развива само по листовите, кај кои прво се развиваат светлозелени до жолтеникави дамки, со неправилен облик, а потоа и на опачината. Поради тоа листовите изгледаат како да се мувлосани. Заразените делови некрозираат, добиваат кожестокафеава боја, листовите се сушат и предвреме опаѓаат. Нападнатите цветови не даваат плодови, а заметнатите плодови остануваат ситни, недозреани. За спречување се препорачува отпорни сорти, уништување на растителните остатоци, релативната влажност на воздухот да не биде над 85%. Хемиската заштита се изведува со одредени фунгициди.



повеќе слики >>

Препарати