Име на болест: Вретенести клубени кај компирот - Potato spendele tuber viroid
Култура: КОМПИР
Опис: Симптомите варираат од сортата, сојот на вироидот и временски услови. Вирулентните соеви од вироидот предизвикуваат послаб развој на растенијата. Болните растенија слабо или воопшто не се разгранети. Тие се исправени вертикално, листовите, посебно горните, се поставени под прав агол и се поситни насочени угоре. Ваквиот изглед на растенијата е познат под името готика.
Листовите имаат темнозелена боја, малку се набрани и свиткани, клубените се издолжени и деформирани со поголем број сплеснати окца. На лушпата можат да се забележат темни дамки, кои понекогаш пукаат, а внатрешноста на клубените е нежна и мека.   
За намножување, вироидот бара повисока температура. Вироидот се одржува во заразените клубени и се пренесува од година во година. Во природата го пренесуват лисните вошки на неперзистентен начин. Го пренесуваат и скакулците, бувачите и компировата златица. Се пренесува механички, во случај ако се сечат клубените при садењето.
За Македонија оваа болест е карантинска и основна мерка е садење на здрав саден материјал.



повеќе слики >>

Препарати