Име на болест: Жолт мозаик на компирот - Potato aucuba mosaic potexvirus
Култура: КОМПИР
Опис: Комбинациите од различни соеви од вирусот и сорти од компирот се манифестираат со појава на крупни светложолти дамки, особено на долните листови. Клубените кај болните растенија можат да бидат деформирани и можат да покажат внатрешма и надворешна некроза. Овој феномен е познат како ранливи клубени или лажна мрежеста некроза. Некрозните делови во местото од клубените стануваат кафени со дифузни рабови и тие стануваат поизразени во текот на складирањето на компирот и се развиваат многу побрзо при висока температура. Вирусните честици се наоѓаат во сите делови од цитоплазмата. Во посевите се пренесува од лисните вошки на неперзистентен начин. Да се користи семенски компир само од сертифицирани производители на семенски материјал, отстранување на болните растенија во посевите, порано вадење на компирот, уништување на лисните вошки со соодветни инсектициди, како и со минерални масла.



повеќе слики >>

Препарати