Опис: Многу осетливи сорти покажуваат мозаик меѓу нерватурата, односно помеѓу примарните и секундарните нерви, кои стануваат темни, а во ткивото помеѓу нив е светлозелено. Симптомите подобро се видливи при студеникаво време и во сенка, и се многу појасно изразени при температура од 16 до 20°С. Ако се употребуваат заразени клубени за садење, тогаш растенијата се послабо развиени, со наведените симптоми и приносот е намален за 25%. Во случај на зарази на стари растенија, тие не покажуваат видливи симптоми, но клубените се заразени. Вирусот се одржува во заразените клубени. Многу успешно се пренесува во допир помеѓу растенијата, од човекот, животните или од машините при нивното движење во посевите. Се пренесува при допирот помеѓу корените од болните и здравите растенија. Не го пренесуваат лисните вошки, но можат да го пренесат инсектите што гризат. Производство и одгледување на отпорни сорти, за садење да се користи семенски компир од сертифицирани производители на семенски материјал. |