Опис: Со посилен интензитет се јавува и причинува поголеми штети при услови со повисока температура. Симптомите варираат од сојот на вирусот, реакцијата на сортата и од временските услови и од времето на инфекцијата. Основни симптоми се шаренило, кадравост, цртичавост на листовите и изумирање на окцата кај клубените. Симптомите од инфекциите од Yn сојот се шаренило или надворешно шаренило. Сојот Yо секогаш причинува кадравост и кај некои сорти цртичеста некроза. Примарните инфекции од Yn сојот се во вид на некрозни или хлорозни прстени или дамки на листовите кои се прво инфицирани, проследени од стеснување на нерватурата и со зелено - светложолто шаренило на врвните листови. Симптомите од секундарните инфекции од Yn сојот можат да се појават рано во сезоната. Како последица од примарните инфекции од Yо сојот, листовите можат да се исушат и да опаднат од растенијата или да останат да висат на стеблото. Кадравоста предизвикана од секундарните инфекции со Yо секогаш се проследени од некроза и растенијата се спечени и крти. Сојот Yс причинува некрозни прстени или дамки. Секундарните симптоми се состојат од некрозни дамки и точки на листовите, мозаик и некрози на лисните дршки и на стеблото и овие промени доведуваат до изумирање на растенијата. Цртичавоста на листовите може да предизвика некроза во клубените често околу окцата и окцата изумираат. Вирусот се одржува и се пренесува од еден во друг вегетационен период со заразени клубени. Во текот на вегетацијата, во посевите од компир, го пренесуваат на неперзистентен начин лисните вошки кои го примаат вирусот во себе со хранење на болните растенија. За садење да се користат здрави клубени, со фитосанитарен сертификат, до цветањето редовно да се прегледуваат посевите и да се отстрануваат болните растенија, селекција на отпорни сорти, редовно спречување на лисните вошки со соодветни инсектициди. |