Опис: Присутни се во региони со топла клима и со кратки и благи зими. Растенијата имаат намален развој и малубројни ситни, светлозелени или жолтеникави листови кои во случај на топло време венат. Предизвикуваат изумирање на врвовите од коренот и трансформирање на кореновиот систем во типични јазолни гали. Односно коренот се задебелува и е повеќепати подебел од кај здравите растенија, исто така по неговата должина се остваруваат неколку инфекции, каде се развиваат гали кои даваат еден груб, јазлест изглед на коренот. Во текот на вегетацијата може да се развијат повеќе генерации од овие нематоди. Најголем број од нематодите се наоѓаат на длабочина од 5 до 25cm под површината на почвата. Возрасните ларви и имага можат да издржат температура од 40 до 500C, а оптималната температура за развој на кореновите нематоди се движи од 25 до 270C. Тие можат успешно да се уништат со стерилизација на почвата со водена пареа или со фумигација на почвата со нематоцити. За намалување на популацијата од кореновите нематоди може да се користи плодоред, уништување на плевелната флора, уништување на растителните остатоци и користењето на отпорни сорти. |