Име на болест: Вирус на мозаик на компир кај домат - Potato X potexvirus
Култура: ДОМАТИ
Опис: Симптомите зависат од сортата и надворешните услови. Заразените растенија од домат покажуваат послаб развој и слаб мозаик. Но доколку се појави во мешана инфекција со вирусот на мозаик на тутунот, има големи штети. Растенијата заостануваат во развојот, стануваат разгранети, слабо цветаат и даваат слаб род. Многу осетливи сорти покажуваат мозаик помеѓу нерватурата која станува темна.  Симптомите се подобро видливи во сенка и појасно изразени при температура помеѓу 16 и 20 степени. Вирусот се пренесува со допир помеѓу растенијата, од човекот, животните или машините. Можи да го пренесат инсектите кои гризат. Најдобра мерка за заштита е одгледување на отпорни сорти.



повеќе слики >>

Препарати