Опис: Не причинува некои економски штети, освен што го влошува изгледот на клубените, поради што спаѓа во групата на болести со помало економско значење. Економски штети може да предизвика за време на складирањето на компирот. Кај нас се забележува повремено по пазарите. Болеста се јавува само на коренките а повеќето страдаат раните сорти. Симптомите се поизразени кај белите и раните сорти кои имаат понежен перидерм. По коренките се забележуваат тркалезни сребреникави дамки со потемни рабови. Во дамките се забележува присуство на сребреникав налеп од конидиофори како и ситни црни тела од габата. Силно заразените клубени се спуруваат и кај семенскиот компир окцата не ртат добро. Конидиите се образуваат директно на мицелијата или на стомите. Многу малку инфекции се остваруваат во полски услови и тоа е типична болест на складираниот компир. При влажни услови во складиштата можат да се остварат масовни инфекции. Инфекциите се остваруваат преку лентицелите во перидермот. Габата се одржува во заразените клубени во складиштата и така со заразениот семенски материјал од складиштата се внесува во посевите. За заштита се препорачува зрелиот компир да се извади навреме, пред складирањето компирот да се просуши и складира сув, да се чува во суви и ладни простории, семенскиот компир пред складирање да се третира со некој фунгицид.
|