Име на болест: Рак на компирот - Synchitrium endobioticum perc.
Култура: КОМПИР
Опис: Во Македонија оваа болест е карантинска. Паразитот ги напаѓа сите растителни делови, освен коренот како столоните, младите клубени и окцата од постарите клубени, а посебно е осетливо површинското меристемско ткиво каде се образуваат карактеристични белузлавосиви до темнокафеави израстоци или тумори. Многу ретко се образуваат тумори на надземното стебло, листовите или цветовите а доколку се појават тие се со зеленикава боја а со стареењето потемнуваат и се распаѓаат. Клубените можат целосно да бидат претворени во тумори. Туморите со стареењето потемнуваат, добиваат рапава површина, гнијат и се распаѓаат под дејство на сапрофитните микроорганизми.  Паразитот презимува во трајни спори во почвата. Трајните спори можат да презимат и во тумори од заразените клубени, на површината и во окцата од семенските клубени. Бидејќи кај нас е карантинска болест, основна мерка е спроведување на строги карантински прегледи на пратките, посебно на пратките од земјите во кои е присутна оваа болест, за садење да се користат само здрави клубени, обезбедени со уверение за здравствената состојба.



повеќе слики >>

Препарати