Име на болест: Вирус на прстенеста дамкавост на тутунот кај домат - Tobacco ringspot nepovirus
Култура: ДОМАТИ
Опис: Овој вирус се карактеризира со појава на прстенести, хлорозни до некрозни дамки, обично околу главниот нерв. Симптомите се појавуваат кај долните листови, а на врвните листови можат да изостанат или тешко се забележуваат. На листовите предизвикува ситни некрозни дамки. Некои од дамките се прстенести, а некои линиски. Може да се забележат и крупни хлорозни прстени.  Вирусот се наоѓа во сите растителни делови, а се инактивира на температура од 55 до 650C. Вирусот се одржува во многубројни зелјести и дрвенести растенија, се пренесува со нематоди, инсекти, полен.  Спречувањето е тешко, бидејќи вирусот има голем број на домаќини. Треба да се уништат векторите - инсекти со соодветните инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати