Опис: Овој вирус предизвикува мозаик со стеснување на лисјата. Тие предизвикуваат светло и темнозелено шаренило на листовите, а на плодовите светлозелени линии и прстени. Има два соеви: некрозни (на листовите, стеблото и плодовите предизвикуваат кафени и малку вдлабнати некрозни линии) и хлорозни (прават жолт мозаик). Растенијата имаат послаб развој, листовите се поситни и малку деформирани. Болните растенија дават мал број на плодови. Вирусот се одржува во повеќегодишни плевелни зелјести и дрвенести растенија, во семиња, растителни остатоци во почвата. Тој се пренесува механички, со допир помеѓу растенијата, со приборот за работа, се наоѓа во семето на доматот. Високата температура над 30 C го намалува интензитетот на симптомите и штетите се помали. А пониската температура и недоволната светлина влијаат поволно врз развој на симптомите. За заштита се употребува здраво семе, за производство на расад. Семето од првите плодови е послабо заразено со вирусот. За леи се користи дезинфицирана и здрава почва. Да се отстранат болните растенија и да се уништат. Најсигурна мерка е одгледување на отпорни сорти. |