Опис: Првите знаци се забележуваат во вид на дамки, помали или поголеми влажни површини, а потоа омекнување и гниење на одделни делови или на цели плодови. Доколку паразитот е во стеблото настанува омекнување на срцевината и гние, а подоцна процесот ги зафаќа и другите ткива, каде исто така настанува гниење. Таа навлегува преку рани, се пренесува со семе, со инсекти. Се одржува во некои инсекти или во растителните остатоци на почвата. Болеста се развива поинтензивно при зголемена влажност и висока температура. Заштита е со уништување на растителните остатоци после прибирањето на културата, плодоред, уништување на инсектите вектори, употреба на здрав саден материјал. |