Име на болест: Вирус на мозаик на луцерка кај домат - Alfalfa mosaic virus
Култура: ДОМАТИ
Опис: Вирусот на мозаик кај доматот причинува една општа жолта бронзавост од жолти и пурпурни зони кај младите листови. Болните растенија престануваат да растат, а лисјата им се свиткуваат кон опачината. Главното стебло при основата покажува кафено обојување на флоемот. Кафени зони може да се забележат и во срцевината од стеблото. Слично обојување на флоемот се забележува и кај коренот. Плодовите, во зависност од нивниот развој, покажуваат различен степен на надворешно и внатрешно кафено дамкосување и деформации. Вирусот се одржува во повеќегодишни растенија - домаќини. Од овие извори, како и во текот на вегетацијата,   го пренесуваат на неперзистентен начин најмалку 13 видови лисни вошки. Исто така можи да се пренеси со механички инокулации и калемење. Вирусот се инактивира при температура од 60 до 650C. Да се користи здраво семе, во леите да се отстрануваат болните растенија. Редовно уништување на лисните вошки во леите и до плодоносењето да се третира со систематични инсектициди, за да се намалат заразите. Да се одгледуваат на површини каде претходно не се одгледувало луцерка, а исто така и подалеку од посеви со луцерка и детелина.



повеќе слики >>

Препарати