Име на болест: Гниење на коренот и приземниот дел на стеблото и белеење на класовите кај пченицата - Gaeumannomyces graminis
Култура: ПЧЕНИЦА
Опис: Болеста се јавува во вид на кружни жаришта, огништа во кои младите растенија, никулците изумираат. Порано изумрените растенија даваат бели класови, белеење и потполни стерилни класови. Доколку се формираат зрна тие остануваат штури.
Паразитот се одржува во растителните остатоци. Најголем број зарази се остваруваат кон крајот на април и почетокот на мај.
Најуспешна мерка е користење на плодоред, заорување на стрништето и употреба на фосфорни ѓубрива.



повеќе слики >>

Препарати