Опис: На лисјата од пченица се појавуваат хлорозни пруги меѓу нерватурата, кои често се проследени со некроза. Растенијата заостануваат во растот и се како розета. Доколку се образуваат класови тие се кратки и стерилни. Вирионите се наоѓаат во цитоплазмата и јадрото од клетките на сите сите делови на растенијата. Природни домаќини се јачменот и пченицата а со механички инокулации е пренесен на растенија од 9 фамилии. Основна мерка за заштита е употреба на здраво семе од пченица и јачмен. |