Опис: Таа е повеќегодишно растение. Има кончесто жолтеникаво до светлоцрвено стебло. Нема листови и корен а се храни со хаустории кои допираат и навлегуваат до спроводните садови на растението домаќин, од кое се снабдува со вода и хранливи материи. Презимува на стеблото. Уништување на свиларката е сложено и бара преземање на систем од превентивни и директни мерки за уништување. Превентивни мерки се употреба на чисто се, косење на заразените места пред цветање и употреба на хербициди. |