Опис: Карактеристичен симптом за овие нематоди е дамкавоста на коренот. На местото каде што навлегуваат ларвите ткивото изумира. Во зависност од интензитетот на инфекцијата потемнуваат помали или поголеми делови од кореност или настапува прстенесто потемнување и изумирање на деловите под местото на инфекциите. При силен панап може да дојде до изумирање на целото растение. Оптимална температура за развој на овие нематоди е околу 30 степени целзиусови. Овие нематоди можат да се уништат со третирање на почвата со нематоциди пред сеидба, расадување или садење на растенијата. Во услови на топло лето немалување на популацијата може да се постигне со соларизација на почвата.
|