Име на болест: Жолтица на астрите - Aster yellows phytoplasmas
Култура: СОНЧОГЛЕД
Опис: Фитоплазмата ги напаѓа вегетативните и репродуктивните органи. Се јавуваат стерилност, деформации и позеленување на цветовите, транфсормации на цветовите, полиферација на пупките, корените, плодовите и сл. Листовите најчесто пожолтуваат. Не се развива врвна пупка, а се развиваат бочни пупки во тенките ластари, поради што растенијата добиваат изглед на вештеркини метли. Болните растенија не образуваат семе. Фитоплазмата се одржува во голем број природни домаќини, не се пренесува механички ни со семе. Цикадиите ја пренесуваат оваа фитоплазма. За заштита се препорачува да се следи популацијата и летот на цикадиите и да се уништуваат. Исто така треба да се отстрануваат заразените растенија.



повеќе слики >>

Препарати