Име на болест: Гниење на коренот и стеблото кај сончогледот - Macrophomina phaseolina
Култура: СОНЧОГЛЕД
Опис: Кај сончогледот симптомите се карактеристични со ненадејно венење на растенијата обично по цветањето. Паразитот прво го зафаќа коренот а потоа се проширува на приземниот дел на стеблото. Срцевината е исполнета со мицелија. Паразитот се одржува во вид на склероции во почвата и растителните остатоци и во семето. Во влажна почва не се  одржува долго време. Заболувањето се јавува при висока температура и ниска релативна влажност. За заштита се препорачува одгледување на отпорни сорти, наводнување, плодоред, заорување на остатоците и хемиски средства.



повеќе слики >>

Препарати