Име на болест: Бактериски влажно гниење на растенијата - Erwinia carotovora subsp.carotovora
Култура: СОНЧОГЛЕД
Опис: Први знаци се забележуваат во вид на дамки, помали или поголеми, влажни површини, а потоа омекнување и гниење на одделни делови или на цели плодови. Кај стеблто гниењето започнува од срцевината а потоа процесот зафаќа и други ткива. Болеста се развива при зголемена влажност и висока температура и почесто се јавува во текот на топли лета и во услови на наводнување. За заштита се препорачува уништување на растителните остатоци, плодоред, уништување на инсекти, употреба на здрав семенски материјал, дезинфекција на складишта, одржување на ниска температура во складиштата, отстранување на заболени плодови.



повеќе слики >>

Препарати