Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни делови, на кои се појавуваат од почетокот ситни тркалезни до полиаголни црни дамки во кои ткивото изумира. Дамките се зголемуваат, некрозата се проширува и при масовни зарази речиси целосно поцрнуваат и прегоруваат. На стеблото се развиваат издолжено елипсовидни црни дамки. Се развива на температура од 8 до 32C и релативна влажност над 90%. За спречување се препорачува дезинфекција на почвата, плодоред, заорување на остатоците, хемиска заштита. |