Опис: За време на никнењето во есен се забележува жолтокафеаво гниење на колеоптилата близу до почвата. Најкарактеристични симптоми се забележуваат од вретењето до зреењето. При основата на стеблото по лисните ракави и по стеблото се забележуваат крупни жолтокафеави некрозни дамки.
Дамките се елипсовидно издолжени. Централниот дел им е посветол, а периферијата им е во вид на широк темнокафен прстен, што преоѓа разлиено во здравото ткиво. Болните растенија предвреме пожолтуваат, заостануваат во растот, даваат помали класови со ситни и лесни зрна. Во некои случаи стеблото кај болните рстенија се прекршува и растенијата полегнуваат во различни насоки. Паразитот презимува во вид на строми во растителните остатоци по стрништата или во почвата, каде се одржува повеќе години. Одгледување на житата во плодоред, дезинфекција на семето и фолијарно третирање се користат за заштита. |