Опис: Симптомите се најзабележливи во пролет. Се карактеризираат со појава на хлоротичен мозаик помеѓу нерватурата. Хлорозните дамки се спојуваат меѓу себе и можат да ја зафатат целата должина. Болните растенија заостануваат во растот, поинтензивно братат, но формираат помали класови со мал број на зрна. Основна мерка е селекција и одгледување на отпони или толерантни сорти. Како извор на гени за отпорност се користи пирот. Уништувањето на самоникнатите растенија пред сеидба, касната есенска и пораната пролетна сеидба, придонесуват за намалување на инокуломот.
|