Опис: - Раните и посилните зарази доведуваат до намален пораст, послабо братење, помал број на класови, слабо налевање на зрната, растенијата се послабо развиени и до зголемена осетливост кон сушата. Оваа ‘рѓа се развива при ладно време, при температура од 10 - 15°С. На листовите се јавуваат жолти цртички или линии. Уредоспорусите се наредени во вид на линии со жолта боја распоредени помешу нерватурата на листовите. Од жетвата до никнењето се одржува во остатоците. Мерка за заштита е одгледување на отпорни сорти и подоцна сеидба и заорување на стрништето. Ефикасни се и системичните фунгициди.
|