Име на болест: Кинење на листовите во вид на ленти кај јачменот - Pyrenophora graminea
Култура: ЈАЧМЕН
Опис: Паразитот може да се одржи во вид на мицелија во заразеното семе и до 5 години. Семето може да биде заразено во сите фази од неговиот развој, од појавата на класот од ракавецот па се до восочната зрелост. Габата во заразеното семе се наоѓа во плевиците, перикарпот и семената обвивка. Помасовни зарази настануваат при температура на почвата од 8 до 10 степени целзиусови.
Првите симптоми се јавуваат во фаза на бокорење на јачменот во вид на жолтеникави дамки. Најкарактеристични промени се јавуваат пред класење на јачменот. На листовите се јавуваат паралелни долги светлозелени, жолти до сиви ленти со потемни рабови. Растенијата често не класаат, доколку класаат класовите се исправени, поради штуроста на зрната. За заштита се препорачува порана сеидба и дезинфекција на семето со фунгициди.



повеќе слики >>

Препарати