Опис: Габата ги напаѓа сите надземни растителни делови од житата и тревите. P. graminis е макроциклична и хетероксена габа. Таа презимува во вид на телеутоспори на заразените растителни остатоци во услови на поладна клима. Кај стеблото листовите и ракавците се јавуваат долги и тесни до елипсовидни ранички - соруси кои личат на меури. За неколку дена епидермисот од уредосорусите се распукнува и од нив се ослободува прашкаста маса. Габата презимува во вид на мицелија кај есенските посеви. Единствен начин на заштите е селекција и одгледување на отпорни сорти и употреба на фунгициди со едно до две третирања. |