Опис: - Габата освен ‘ржта ги напаѓа и јачменот, пченицата и голем број ливадски треви граминеи. Симптомите се јавуваат главно на зрната. Патолошкиот процес се одвива само на женскиот дел од цветот, овариумот. C. purpurea во својот развој има 3 стадиума: склероциски, конидиски и аскусен. Склероцискиот и конидискиот стадиум се развиваат кај ‘ржта, пченицата, јачменот и ливадските треви, а аскусниот на склероциите во почвата. Паразитот презимува во вид на склероции во почвата или во семето
Зрната се претворени во склероции кои се издолжени, малку свиткани и обоени виолетово - сини. Болеста се развива со посилен интензитет при влажно и студеникаво време во текот на цветање на житата.
Мерка за заштита е заорување на стрништето и употреба на чисто семе.
|