Опис: Пепелницата е особено штетна за јачменот. Габата ги напаѓа сите надземни растителни делови на житата. Таа се јавува во која било фаза од развојот на житата, од никнењето, па се до зреењето. Габата е облигатен паразит. Презимува во вид на клејстотеции, а во наши услови и во цела Европа во вид на мицелија и конидии кај самоникнатите растенија и кај есенските посеви. Интензитетот на заболувањето зависи од осетливоста на сортат, густината на посевот, ѓубрење со азотни ѓубрива, влажноста на воздухот и температурата.
Првите знаци се во вид на хлорозни дамки во кои брзо се развива белузславосина мицелија. Понекогаш мицелијата и конидиите можат да бидат измиени од силните дождови па се појавуваат само хлоротични дамки. Најдобар начин на заштита се сеидбата на отпорни сорти и избалансирана исхрана.
|