Име на болест: Мозаик на класица кај стрните жита - Brome mosaic bromovirus
Култура: ЈАЧМЕН
Опис: Кај јачменот се манифестира како хлорозни црти и линии на лисјата. За разлика од вирусoт на цртечестиот мозаик, хлорозните црти што ги предизвикува овој вирус се подолги. Ранозаразените растенија заостануваат во развојот и обрануваат скратени класови. Вирусите се одржуваат во природно заразени повеќегодишни монокотиледонски растенија. Не се пренесува со семе туку со вектори  како вошки, житна пијавица, бувачи, нематоди. Мерка за заштита е уништувањето на самоникнатите растенија по жетвата и уништување на инсектите.



повеќе слики >>

Препарати