Име на болест: Прашна краставост на компирот - Spongospora subterranea
Култура: КОМПИР
Опис: Се појавува во реони со поголема влажност на почвата, во посеви на песокливи, отколку на глинести почви. Кај нас во Македонија може да се појави спорадично, но најчесто се внесува со посадочниот материјал и се смалува приносот кај компирот, но го намалува и неговиот квалитет. Паразитот ги напаѓа само подземните растителни делови а првите симптоми што може да се забележат со голо око, а се јавуваат на корените во вид на ситни, светло обоени раковини. Најголеми штети причинуваат на клубените и се појавуваат црвеникави до кафеави меурчиња а под меурчињата се јавува кафеникав перидерм. Меурчињата пукаат па клубените изгледаат крастави. Слични промени настануваат и на столоните и на коренот.  Паразитот презимува во вид на трајни спори во почвата каде што се одржува 6 години и презимува во заразените клубени. Зооспорите ги инфицираат кореновите влакненца и под дејство на овие инфекции се стимулираат клетките од домаќинот, па брзо се делат и образуваат мали тумори во епидермисот. Оптимални услови за остварување на инфекцијата се температура од 16 до 20°С. Габата се пренесува со заразени клубени, заразена почва и со шталско ѓубриво. За заштита се препорачува употреба на здрав посадочен материјал, компирот да се одгледува на лесни и пропустливи почви, дезинфекција на клубените пред садење со потопување во раствор од формалин при што температурата на растворот да биде 45 до 50°С за време од 5 минути. За исхрана на добитокот, клубените да се варат, плодоред од 3 до 5 години.



повеќе слики >>

Препарати