Опис: Оваа болест претставува синдром со повеќе промени на дрвото. Се мисли дека потекнува од Европа и дека е внесена во Калифорнија. Овој комплекс на болести ги намалува родноста, квалитетот на грозјето, животната способност и доведува до предвремено изумирање на лозите. Слаба животна способност на лозите со задоцнето потерување на окцата во пролет. Одделни лози за неколку години изумираат. За заштита од овој патоген потребна е производство на здрав саден материјал од безвирусни ветки и подлоги, добиени преку термотерапија или култура на меристем. Corky bark може да се инактивира при температура 38 oC за време од 98 дена.
|