Име на болест: Мозаик на краставицата и други растенија - Cucumber mosaic cucumovirus
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Растенијата можат да бидат заразени од никнењето до крајот на вегетацијата. Симптомите многу зависат од сојот на вирусот. Симптомите на обичниот мозаик се во вид на шаренило од бледозелени до жолтеникави дамки. Листовите се малку деформирани, а рабовите малку им се свиткуваат кон опачината. Растенијата заостануваат во развојот. Плодовите се поситни, деформирани со зелени подуеници и светлозелени до жолти шари. Тие не се вкусни за јадење. Се пренесува од повеќе видови свиларка, не се пренесува со семето од краставица. Вирусот се одржува во заразените растителни остатоци на почвата и се пренесува со нив. За спречување се користат мерките: уништување на плевелната флора, редовно спречување на инсектите вектори. Во затворени простори да се прекине производството барем за неколку дена, за да се прекине континуитет во одржувањето на вирусот.



повеќе слики >>

Препарати