Опис: Кај различните растенија причинуваат различни болести, а најчесто од типот на жолтиците. Приносот кај морковот може да биде намален од 10 до 25% а во поедини случаи и до 90%. Жолтицата најпрво е опишана кај кинеските астри (Callistephus chinensis). Симптомите се карактеризираат со тератолошки промени, што доведуваат до “чудни” појави кај растенијата: стерилност, деформации и позеленување на цветовите, трансформации на цветовите, пролиферација на пупките, корените на плодовите и сл. Листовите пожолтуваат, не се развива врвната пупка, а се развиваат бочните пупки во тенки ластари, поради што растенијата добиваат изглед на грмушка. Болните растенија не обрзуваат семе. Фитоплазмата се одржува во голем број домаќини. Не се пренесува механички, ниту со семе. Бидејќи фитоплазмите можат да презимат во живи растенија, локалните растенија можат да служат како извор за зарази во пролет. Фитоплазмите од жолтицата на астрите се лоцираат во флоемот и некои клетки покрај флоемот се издолжуваат и изумираат. Оваа болест ја пренесува цикадата Macrosteles fascifrons. За заштита да се отстрануваат заразните растенија. Не постојат отпорни сорти од растенијата што ѓи напаѓа. Заразите може да се избегнуваат со одгледување на осетливите растенија во време кога нема цикади, да се врши уништување на цикадите со соодветни инсектициди, како и спречување на плевелите. |