Име на болест: Жолт мозаик на гравот - Bean yellow mosaic potyvirus
Култура: ГРАВ
Опис: И овој вирус е распространет во целиот свет. Приносот кај некои сорти може да го намали од 40 до 45%. Симптомите се многу слични како и кај обичниот мозаик и во некои услови тешко можат да се разликуваат. Најчесто се јавува пожолтување на листовите, кое почнува од периферијата на лиските и се шири помеѓу нерватурата а по краевите останува зелена боја. Лиските се свиткуваат надолу и заболените растенија заостануваат во развојот, мешунките се со мал број на зрна. Вирионите се кончести и истите се наоѓаат во цитоплазмата од сите делови на растенијата и ги пренесуваат над 20 видови лисни вошки на неперзистентен начин. За заштита се препорачува селекција и одгледување на отпорни сорти, уништување на лисните вошки, уништување на плевелите.



повеќе слики >>

Препарати