Име на болест: Обичен мозаик на гравот - Bean common mosaic potyvirus
Култура: ГРАВ
Опис: Обичниот мозаик на гравот е распространет во целиот свет и се среќава секаде каде што се одгледува гравот. Симптомите многу зависат од осетливоста и реакцијата на сортите и според реакцијата и симптомите Алексиќ (1965), сортите грав ги поделил во две групи. Во првата група спаѓаат сорти кај кои како основен симптом се појавува мозаик. Листовите кај овие сорти се бледозелени, со остаток од нормална зелена боја, лиските се набрани и меурести, новоразвиените листови се со ненормален изглед, цветовите кај болните растенија опаѓаат или од нив се развиваат спечени криви мешунки. Во втората група спаѓаат сорти кои се преосетливи кон вирусот. Кај овие сорти, ако вошките го внеле вирусот директно во флоемот, поради преосетливоста, на местото на инфекцијата се појавува некроза на флоемот. Заразените растенија ненадејно венат и се сушат. Вирусот во семето од гравот се одржува до 30 години. За заштита се препорачува употреба на здраво семе, одгледување на отпорни или толерантни сорти, уништување на лисните вошки.



повеќе слики >>

Препарати