Опис: Оваа бактерија е најштетна за гравот. Ги напаѓа сите надземни делови од растението, од никнењето, па до бербата на гравот. Силно заразеното семе ја губи ‘ртливоста и никулците угинуваат веднаш по никнењето. Бактеријата С. f. pv. flacumfaciens се пренесува со семето и во растенијата навлегува преку различни оштетувања како и преку повреди, а за спречување се препорачува употреба на здраво семе, плодоред и одгледување на отпорни сорти. Таа на хранлива подлога развива колонии со форма на леќа, со рамни рабови и со крем - жолта боја и е Грам – позитивна и со една поларна цилија.
|