Име на болест: Антракноза на гравот - Colletotrichum lindemuthianum Scribner
Култура: ГРАВ
Опис: Кај нас се појавува понекогаш, посебно кај чучавите сорти на грав и боранија во повлажните локалитети. Паразитот ги напаѓа сите надземни делови од гравот, но најкарактеристични промени и штети причинува кај мешунките. На на нив се развиваат тркалезни видливи дамки или рани ограничени со темнокафеав до црвеникав раб. При никнењето на семето, првите знаци се забележуваат по котиледонските ливчиња, во вид на вдлабнати рани. Од овие рани паразитот се пренесува на лисните дршки, листовите и стеблото, а од тука на мешунките.
Паразитот може да се пренесе и со семето. Презимува во вид на мицелија во семената обвивка и котиледоните. Симтомите се забележуваат по 4 – 5 дена од инфекцијата која се остварува при висока релативна влажност на воздухот. Болеста се развива при ладно и влажно време
Паразитот образува голем број кратки и неразгранети конидиофори на кои се развива по една издолжена до цилиндрична конидија. Конидиите се ослободуваат во вид на една црвеникава слузеста течност од каде што се разнесуваат со капките од дождот, со различни инсекти итн. За заштита се препорачува употреба на здраво семе, плодоред, уништување на растителните остатоци преку длабоко заорување, се употребуваат по потреба фунгициди, дезинфекција на семето итн.  



повеќе слики >>

Препарати