Опис: Заболувањето е присутно во услови на влажни, ладни или потопли почви. Во Македонија се појави во одредени локалитети во Охридско и во Струшко. Заболувањата се јавуваат еден месец по никнењето на гравот и се карактеризира со поцрвенување на главниот корен, а потоа настапува поцрвенување на целиот корен. Најпосле коренот добива кафеава боја што е проследено со пукање на перидермот. Бочните коренчиња изумираат и се образуваат нови кои ке ги одржуваат растенијата донекаде во живот.
Паразитот се одржува во почвата повеќе години, а инфекциите се остваруваат преку перидермисот на коренот. Паразитот се одржува во вид на хламидоспори а се пренесува со семето.
За заштита се препорачува плодоред и уништување на растителните остатоци преку длабоко заорување, употреба на здраво семе и дезинфекција на семето. |