Опис: Распространета е секаде во светот каде што се одгледува винова лоза. Во Македонија е присутен во сите реони. Во младите лозови насади се јавува кај поединечни лози. Со посилен интензитет е присутна во постари насади со песокливи почви. Ја намалува животната способност на лозите, го намалува приносот и квалитетот на грозје и во целина го доведува во прашање рентабилитетот на насадите. Се манифестира со дегенеративни појави на ластарите, лисјата, грозјето и коренот, а бидејќи е од заразен карактер, е наречена заразна дегенерација. Листовите се деформирани, поситни, асиметрични, лиските се силно назабени. Исто така се променува и бојата на лисјата во три групи: проѕирен мозаик, жолт мозаик и росетлување на ткиво околу главните нерви. Основна мерка е производство и употреба на здрав саден материјал за нови лозови насади. Вирусот може да биде инактивиран во подлогите со термотерапија при температура од 38 до 38 oC за време од 30 дена. По копачењето на лозовиот насад потребно е неколку години да се одгледуваат житни или градинарски култури, а исто така да се направи третирање со нематоциди како DD - Shell во доза од 800 до 1, 200 л/ха, но тоа е скапо. |