Име на болест: Вирус на жолтиот мозаик кај луцерката - Bean yellow mosaic potyvirus
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Симптомите се многу слични со обичниот мозаик и во полски услови тешко се разликуваат. Најчесто се јавува пожолтување на лисјата. Целите лиски се мозаични. Болните растенија заостануваат во развојот. Мешунките се со мал број на зрна. Вирусот е многу сличен со вирусот на обичниот мозаик на гравот. Овој патоген може да се пренесува со помош на лисни вошки и тоа на неперзистентен начин. За заштита се препорачува одгледување на отпорни сорти и уништување на плевелите и лисните вошки со помош на инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати