Име на болест: Вирус на обичниот мозаик на гравот кај луцерката - Bean common mosaic potyvirus
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Природни домаќини на овој патоген се: гравот, боранијата, луцерката, сојата, детелината и др. Се пренесува со помош на инсекти - вектори. Вирусот се одржува во семето а овде може да остане и до 30 години. Листовите се бледо - зелени, по нерватурата се забележува задебелување а лиските се набрани и меурести. Новоразвиените листови се со ненормален изглед. Цветовите на болните растенија опаѓаат и од нив се развиваат спечени и криви мешунки. При температура од 16 до 28 степени, симптомите се маскирани. Семето кај болните растенија е ситно спурено и со слаба ртливост.
За заштита се препорачува избор на здраво семе, одгледување на отпорни или толерантни сорти. Уништување на лисните вошки.



повеќе слики >>

Препарати