Име на болест: Рѓа на луцерката - Uromyces striatus Schroter.
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Во Република Македонија не претставува економски штетна болест за луцерката. Се јавува во втората половина од вегетацијата, кога по листовите, лисните дршки и стеблото се забележуваат жолтеникави соруси кои подоцна стануваат кафеави и потемнуваат.  Може да предизвика опаѓање  на листовите, поради што се намалува приносот на луцерката.
Оваа габа презимува  во вид на телеутоспори. Болеста се развива при влажно и ладно време. За спречување се препорачува порано косење, пред да опаднат заразените листови.



повеќе слики >>

Препарати