Опис: Заразените листови од овој паразит го губат тургорот, пожолтуваат и венат. На заразеното стебло при основата на стеблото се јавува мицелија, која ги зафаќа и околните растенија. Кога габата ќе ги искористи хранлиците материи таа образува склероции. Тие имаат црна боја и се многу ситни.
Габата најинтензивно се развива на температура од 15 - 16 Co .
За спречување на оваа болест се препорачуваат само агротехнички мерки.
На заразените површини не е препорачливо да се одгледуваат осетливи растенија во период од 4 до 5 години. Се препорачува и порано косење на луцерката.
|