Име на болест: дамкосување на лисјата кај луцерката - Pseudopeziza medicaginis (Lib) Sacc
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Дамкавоста кај луцерката може да предизвика дефолијација со што ја намалува виталноста на растенијата и квалитетот на сеното. Со посилен интензитет се јавува во услови на наводнување на луцерката. На листовите се јавуваат ситни и тркалезени темно - кафеави дамки. По извесно време средината од дамките се здебелува. Паразитот презимува во паднатите листови. Болеста слабо се развива во топлите и сувите реони. Паразитот не се пренесува со семето а семенските посеви можат да се третираат и со фунгициди.  



повеќе слики >>

Препарати