Опис: Оваа нематода покрај сојата, напаѓа и легуминозни растенија како што е гравот, фуражни легуминози и нелегуминозни растенија.
Заразените растенија на песокливи почви се спечени, лисјата пожолтуваат и опаѓаат предвреме. Растенијата даваат мал број на цветови и мал број на ситни зрна. Кореновиот систем кај болните растенија е послабо развиен и образува малку грутчиња од азотофиксирачките бактерии. Најкарактеристичен симптом на болеста е присуство на женки од нематодите во различни стадиуми од развојот, и зрели цисти прикачени за корените.
Соината нематода презимува како темно - кафеви цисти во почвата на длабочина од 90 - 100 cm. Цистите се кожести и полни со јајца.
Употребата на нематоциди е економски неоправдано. Најпрактичен метод е одгледување на отпорни сорти и плодоред со култури кои не се домаќини на нематодата.
|