Опис: Овој патоген освен сојата ѓи напаѓа и тутунот, доматот, краставицата, гравот, компирот и други култури. Заболените растенија се карактеризира со појава на прстенести, честопати концентрични хлорозни до некрозни дамки, обично околу главниот нерв. Честопати, овие промени го прават листот да личи на лист од даб. Болните растенија од соја најчесто изумираат. Вирусот се пренесува со нематода (Xiphinema americanum) а вектори се и некои инсекти како лисните вошки. Спречувањето на овој вирус е тешко, бидејќи има голем број домаќини. Се препорачува употреба на здраво семе, уништување на векторите - преносители и др. |