Опис: Симптомите на заболеното растение многу зависат од осетливоста и реакцијата на сортите. Семето од болните растенија е ситно, спурено и со слаба ртливост. Цветовите опаѓаат или од нив се развиваат спечени и криви мешунки. Природни домаќини на овој патоген се: гравот, боранијата, луцерката, сојата, детелината и др. Се пренесува со помош на инсекти - вектори. Вирусот се одржува во семето а може да остане до 30 години. |