Име на болест: Мозаик на сојата - Soybean mosaic potyvirus SBMV
Култура: СОЈА
Опис: Овој причинител е распространет секаде каде што се одгледува сојата. Младите листови се деформираат, стануваат набрани и се свиткуваат. Потоа се јавува мозаично шаренило. Болните растенија заостануваат во растот и се разгранети. Исто така, се формираат мал број на мешунки и во нив нема семе. Единствен природен домаќин е сојата. Во текот на вегетацијата се пренесува со лисните вошки. За заштита основна мерка е употреба на здраво семе за сеидба и огледување на отпорни сорти. Лисните вошки, потребно е да се уништат со помош на инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати